Уредниците не биле арни, a ја притисок мерев

У неделата вечерта и ги простив сите гревови на нашите навивачки телевизии и седнав да гледам дебатни емисии „во живо“ за резултатите на претседателските избори. Два дена од тогаш поминаа ама уште е знам како си поминав-забавно или измалтретирано.

Еве шо ми беше забавно: уз мезенце дома опуштено да гледаш како се препелкаат „експерти“ објасувајќи дека поразот е победа, зарем не е забавно? А своите анкети у кои промашија целосно, оти не убедуваа дека Пендаровски е неприкосновен, да ти ги кажуваат сега како успех оти ние у ствари не сме сванале дека всушност тие го најавиле овој резултат, зарем не е забавно?

Еве па шо ме измалтретира: седам гледам на една телевизија „експерт“ вергла глупости, и бегам по другите канали, и по неколку минути на друг канал истио „експерт“. Луѓе, ја за малку ќе одев на бајачка, оти помислив дека сум се пореметил, прибидејќи не е можно еден човек да е у „живо“ на две телевизии, а ја такво нешто гледав. Ама среќа жена ми ми оојасни, телевизиите со брзо возење истите 2-3 експертчиња ги развезувале по телевизиите. Џабе се измалтретирав, притисок и пулс мерев, на тераса излегував, се од страв дека не сум добар, а оно уредниците не биле арни…