Уривање на над 120 дивоградби на хрватското приморје

12

Во наредните три недели на плажата Зрќе во Новалија ќе бидат урнати 124 бесправно изградени објекти. Ова соопшти Државниот инспекторат на Хрватска. Од нив, 119 се наоѓаат во камп, а пет се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона.

Инспекторатот соопшти дека отстранувањето ќе се врши на трошок на сопствениците. Акции за уривање на нелегални градби ќе има и во други делови oд Хрватска.  Од 2019 година досега во Хрватска се отстранети повеќе од 2300 нелегални градби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест25-годишен Бугарин убил тројца од своето семејство и ја запалил куќата
Следна вестОткажана средбата Трамп-Путин во Будимпешта