Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во Македонија

Во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна возраст, поради компликации поврзани со Ковид-19, починал докторот Арификмет Деари, уролог од Тетово. Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, денска преку Фејсбук.

Деари бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, но бил позитивен и на корона вирусот. По 15 дена болничко лекување, ја загубил битката со болеста.

-Доктор Деари беше само на неколку месеци до пензионирањето, тој е првиот лекар кој почина од компликации со корона вирусот, напиша Филипче кој изрази жалење и длабоко сочуство до семејството.

Министерот воедно упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.

Претходна вестЗаев: Поднесовме кривични пријави за „бомбите“, ние порано објавувавме транспарентно
Следна вестОбиена куќа и украдени близу еден милион евра во Скопје