Уште два земјотреса почувствувани утрово во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,1 степен по Рихтер утрово околу 3 часот е регистриран во Грција во близина на границата со Северна Македонија. Еден час подоцна регистриран е уште еден земјотрес од 2,8 степена по Рихтер на истата локација и со ист епицентар во близина на Лерин.

Земјотресите со послаб интензитет се почувствуван и во Македонија.

Епицентарот на земјотерсот е на грчко-македонската граница, на длабочина од 2 километри, според информациите од ЕМСЦ.

Претходна вестВремето денеска: претежно облачно со врнежи од снег
Следна вестПет членови од македонската ракометна репрезентација позитивни на ковид-19