Заклучно со вчера до 20 часот, во земјава се попишани 1.309.840 граѓани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Кога станува збор за домаќинствата, попишани се 405.266, а бројот на попишани станови изнесува 556.415.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 лица.
Директорот на ДЗС Апостол Симовски тврди дека пописот се одвива без пробеми и досега се соочиле со стотина лица кои одбиле да бидат попишани. Со нив прво ќе се разговара, а потоа ако е неопходно ќе се применат и казни како што предвидувва законот.
Пописот започна на 5 септември, а ќе трае уште една недела односно до 30 септември.