Уште едно европско знаменце – до државјанство со платена сметка за струја или вода

Платените сметки за комуналии се само еден од документите што ќе може да се приложи за стекнување со правото на државјанство. Новиот Предлог-закон предвидува тоа да се направи и со доказ дека граѓанинот завршил некое училиште, бил на лекар, има имот или штедна книшка, работи во земјава.

Предлагачот на законот наведува дека со него треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето на законот во сила.

Платените сметки за комуналии (струја, вода, греење, телефон) се само еден од документите што ќе може да ги приложат за да може да се стекнат со правото на државјанство. Новиот Предлог закон, овојпат со европско знаменце, предвидува тоа да се направи и со доказ дека барателот на државјанство завршил школо тука, бил на лекар, има имот, работи во земјава, тука има штедна книшка итн. Доказите може да се достават во оригинал или копија и да бидат заверени на нотар. Се предвидува започнатите постапки за државјанство кои до стапување на овој закон не се завршени да се решат по новиот закон.

Предлог-законот еднаш ставен во собраниска процедура го блокираше Левица, но мнозинството реши и на овој закон да му стави европско знаме и да го носи во скратена постапка.