Утрово на територија на цела држава се активни два пожари, информираат од Центарот за управување со кризи.
Како што велат оттаму, во државава изминатите 24 часа евидентирани се вкупно 29 пожари на отворен простор, два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати.
Активни се пожарите во општините Македонски Брод и Јегуновце. Во „Јасен“ гори мешана шума, а помеѓу селата Рогачево и Јажинце опожарени се пасишта.
Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и Грешница во општина Македонски Брод, каде опожарена е ниска вегетација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: