Уште ова фалеше: Снемувало обрасци за пасоши кои власта нареди да ги смениме

Хаосот кој настана по ултимативното барање на власта сите граѓани на Македонија да ги сменат личните документи за да во нив ја има придавката – северна – се уште се продлабочува наместо да се разрешува. Сега најново е дека не се знае дали и како власта ќе го пролонгира наметнатиот рок. Те ќе виделе што може да се направи, те не знаат кој требало да се јави во Грција, те ќе виделе дали има потреба од продолжување на терминот, те…

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека има и друг проблем, снемувало обрасци за пасоши.

-СДС создадава хаос, во МВР снемува обрасци за патни исправи, рокот за промена да се пролонгира. Според информациите кои ги имаме во МВР има само 40.000 обрасци, а набавката на нови е во март. Спасовски свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира и на минусни температури во редици да чека пред пунктовите на МВР, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку се покаже дека ове податоци се точни тогаш власта не треба да има дилеми – мора веднаш да се најде начин и улимативниот рок да се продолжи барем за една година. Самиот премиер кажа дека до сега се издадени само 1,2 милион пасоши. Значи, за еден месец би требало да се издадат уште повеќе од 1 милион. Тоа е неизводливо па дури и да имаат обрасци.

Значи, и да има доволно обрасци и да нема, одложувањето мора да се случи. Граѓаните не треба да страдаат поради лошата организација на власта.

Претходна вестОграбена црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје
Следна вестДачиќ: Србија не сака војна, а кога би сакала на Косово не би му помогнале ниту милион „џавелини“