Уште трае борбата со пожарот кај Вапила и Сирула, охридско

Изгаснати се речиси сите пожари во Македонија активни претходното деноноќие, но противпожарните екипи уште се борат со тој кај охридските села Вапила и Сирула. Во моментот гори борова и дабова шума и ниска вегетација, а според Центарот за управување со кризи, се интервенира со едно противпожарно возило, тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.

Изминатите 24 часа изгаснати се 26 пожари, меѓу кои тие кај Студеничани, Ѓорче Петров, Куманово, Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Дебар, Тетово, Шуто Оризари и други места.

Претходна вест21 година од трагичното загинување на македонските бранители кај Љуботенски Бачила
Следна вестВласта во Македонија се откажа, ама ОН не се откажува и бара Бугарија да го признае македонското малцинство