Условни казни за седуммина млади кои признаа вина за инцидентите пред Собранието

Условни казни денеска се изречени на седуммина млади кои учествуваа во инцидентите пред македонското Собрание на 5 јули од страна на скопскиот Кривичен суд. Условни казни добија обвинетите Младен Ристовски, Иван Јосифовски, Славчо Симоновски, Бојан Стефановски, Никола Михаиловски, Виктор Стојков, Штефан Шуман за учество во толпа, објави агенцијата Макфакс.

Судијката во едно рочиште ги ислуша и ја изрече пресудата. Таа им посочи дека казната не е блага и опасноста од вакви дела е голема.

– Обвинетите се огласуваат за виновни за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело. За што им изрекува алтернативна мерка, условна осуда. На сите обвинети им одредува казна затвор од две години, и определува дека нема да се изврши ако обвинетите во наредните четири години не сторат ново кривично дело, кажа судијката Славица Андреевска.

Судијката додаде: „Секој мора да одговара за тоа што го направил“.

Сите адвокати на седумте обвинети кои признаа вина за инцидентите пред Собранието, побараа поблаги казни и условни осуди. Според нив, со ваква пресуда ќе се превенира тие во иднина да не прават други кривични дела. Потенцираа дека станува збор за млади лица, најголем дел на 18 и 19 години.

Во обвинението беше наведено дека на 05.07.2022 година, пред зградата на Собранието за време на собир на граѓани, обвинетите заедно и со други непознати лица учествувале во толпа што сториле насилства. На еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а на 22 лица им се нанесени повреди. Откако била тргната оградата, со непознатите лица, со тврди предмети, бекатонки, пиротехнички средства и молотови коктели фрлале кон зградата на Собранието и полицајците, додека тие биле распоредени во заштита на зградата. Тие причиниле штета на Собранието, а обвинетиот Антонијо Величковски, пред влезот на болницата „св. Наум Охридски“ учествувал во толпа која оштетило возило на полициско возило. Со рака го искршил ретровизорот, па дејствувал со непознати лица, па фрлал со бекатонки, па го прскале со спреј. Обвинетите сториле кривично дело учество во толпа што ќе направи кривично дело.

Текст и фото: Макфакс

Претходна вестАрсовска: Посакувам сите скопјани да работат на тоа Скопје да биде поубав модерен град
Следна вестОсмани: Различните историски интерпретации не се говор на омраза