Усмртена мечка во сообраќајка кај вториот каменолом на патот Гостивар-Охрид

Пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05.37 часот денеска добил Регионалниот ЦУК Тетово на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

-Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. Настанот се случил на патниот правец Гостивар – Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна. Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат, соопшти ЦУК

Претходна вестПромоција на книгата „Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година”
Следна вестСедницата за избор на нова влада закажана за в сабота