Утре по повод Денот на шегата маскенбал во Зоолошка градина и параден концерт во Градскиот парк

Во Зоолошка градина утре по повод на денот на шегата 1 април во 12:30 часот ќе се одржи првоаприлски маскенбал. За сите оние кои ќе дојдат маскирани, планирано е дефиле на маски со многу музика, забава и дружба.

На бината за настани во Скопје ЗОО ќе настапат талентирани млади музичари, а посетителите ќе имаат можност да се дружат и со слончето Халки.

Напоредно со ова, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи традиционален првоаприлски параден концерт по повод Светскиот ден на шегата, на кој ќе бидат изведени маршеви и детски композиции.

Концертот ќе се одржи во Градскиот парк, со почеток од 12 часот.

Оркестарот е формиран во март 2006 година, на иницијатива на Град Скопје и во него членуваат професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност. Од самиот почеток па сѐ до денес ГДО има настапувано на сите значајни културни манифестации во Скопје и низ другите градови во државата.

Претходна вестПо четиридневни обиди извлечено е беживотното тело од провалијата кај Просек
Следна вестГерасимовски: „Интермецо“ и „Мош“ наместо како барови, работат како дискотеки