Утре попладне и вечер затворен центарот на Скопје за сообраќај

Утре во Скопје, утре од 18 до 23 часот ќе има изменет сообраќаен режим поради манифестацијата „Вело Фиеста“ во организација на Град Скопје.

Тоа значи дека на дел од улицата „Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ до крстосницата со улицата „11 Октомври“, сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што моторните возила ќе се пренасочуваат по околните улици.

 

Претходна вест(ФОТО) Почна уривањето на една од галиите во Вардар, за ВМРО-ДПМНЕ ова е предизборен маркетинг
Следна вест„Учебници и настава мора да има“ му дадоа рок на МОН до 1 октомври – после тоа бојкот