Утре постудено со дожд, на планините снег

Времето утре ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 2 до 8 степени.

Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, Во текот на денот во повисоките делови од Скопската Котлина ќе врне повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

В среда и в четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет.

Претходна вестПротест кај Холидеј Ин: Се бунеа против Скопје 2014, го направија Скопје 2021
Следна вестКоалиционо – владејачки приоритети: Ако може Гаши, зошто да не и ние!