Темен режим Режим на светлина

Утре сончево со ветер

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето утре ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 31 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Според најавите од УХМР, од утре следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината.

До сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Активни шест пожари во земјава, спасот се гледа во дождот

Следна објава

Татко уби син во Аеродром