Утре стартува мултимедијална манифестација „КИЦ АРТЛЕНД“

Утре во скопскиот Културно-информативен центар за прв пат ќе се одржи мултимедијлната манифестација  „КИЦ АРТЛЕНД”, настан, на кој ќе земат учество голем број на македонски уметници.

Во програмата свое учество ќе земат Маријан Стојковски – „Beleif in Painting” со изложба која ќе се реализира во 19 часот во продажниот салон на КИЦ , додека во исто време во салон Империјал II,  ќе настапи Алекс Петковски со своја инструментална изведба на македонски песни а свое учество ќе имаат  и Ристина Николова и Ивона Нацевска со поетско читање, како и вокалниот состав „Мелизма. Во салонот  Империјал I, во 19.30 часот свои нaстапи ќе имаат – Академски хор „Мирче Ацев”  а ќе биде претставена и изложба на 60-то јубилејно издание на „Денови на македонска фотографија“. „КИЦ Артленд”, ќе ја доживее својата кулминација во салонот Империјал II во 21 часот со настапите на триото „Џентлмени”, како и младата пејачка ѕвезда  Огнен Здравковски, како и поетскиот перформанс на Елена Пренџова и Нино Наумовски.

Целта на овој проект е да  стане традиционален а со тоа и да се создадат услови но и да се поттикнат  младите уметници почесто да се претствуваат пред аудиториумот на  мултимедијалните манифестации  во Македонија