Утре стартува ноќна трка во чест на ослободувањето на Скопје

Утре, на Триумфалната капија во Скопје во 17 часот ќе  биде означен стартот на една од најстарите атлетски манифестации на пат, Атлетската ноќна улична трка во чест на денот на ослободувањето на Скопје.

Трката е во организација на Атлетската федерација на Македонија, а е под покровителство на Градот Скопје и континуираната соработка со Агенцијата за спорт и млади.

-Трката е меѓународна и ќе биде во две должини, на 4км и 10км. Во рамките на оваа атлетска трка, Атлетската федерација согласно Календарот за натпревари ќе го организира и Националното првенство на 10км на пат за 2022 година, истакна Александра Војнеска Зикова, претседател на АФМ.

Предвидени се парични и стокови награди за победниците, а сите пријавени регистрирани натпреварувачи од НП на 10км влегуваат и во рангирањето во генерален пласман во склоп на Отворената Атлетска ноќна улична трка Скопје 2022.

Претходна вестСирото образование, пак му се навртеа да го реформираат
Следна вестСДСМ: Мицкоски потврди, ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на Ванчо Михајлов