Утревечер светилките ќе се изгаснат за подобро утре на нашата Планета

Утре ќе се одржи Часот на планетата Земја, најголемата светска еколошка акција, ќе обедини милиони луѓе ширум светот во момент на солидарност за луѓето и за планетата Земја. Оваа година таа ги повикува луѓето од целиот свет да се обединат во момент на размислување за нашиот однос едни со други, но и за нашиот единствен дом – планетата Земја.

-Часот на планетата Земја 2022 го повикува светот да се обедини во момент на солидарност за луѓето и планетата. Знаеме дека покрај многуте предизвици со кои се соочуваме, особено во овие невидени времиња, 2022 година останува да биде критична година за планетата, нашиот заеднички дом. Оваа година светот ќе се собере за да се направи нов климатски договор и ова претставува можност еднаш во една деценија лидерите да се договорат за планот за враќање на загубата на природата до 2030 година и изградба на позитивна иднина за природата, изјави Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа.

Тој нагласува дека оваа година одбележувањето на Часот на планетата Земја се случува во навистина тешки и предизвикувачки времиња за човештвото поради конфликтот во Украина.

-Знаеме дека за да изградиме иднина во хармонија со природата ни треба и мир меѓу луѓето. Затоа, овогодишниот Час на планетата Земја нуди момент на солидарност со сите народи кои страдаат од војни и конфликти ширум светот; шанса за нашата глобална заедница да го изрази она што им е важно, заеднички да преземеме позитивни активности и да повикаме на свет каде што луѓето и планетата ќе можат да напредуваат заедно, вели Ѓорги Селков, претседател на локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија.

Утре во 20:30 часот по локално време милиони луѓе ширум светот симболично ќе го исклучат осветлувањето во период од еден час во момент на солидарност за луѓето и планетата Земја.

Претходна вестАрсовска: За четири месеци се решени повеќе од двојно спорни предмети за булеварот АСНОМ
Следна вестОбвинение за осуммината диви копачи и трговци со македонско културно наследство