Утринско сонце со „заби“, максимално дневна температура до 6 степени

Утринското сонце радува, но температурите се ниски. Ведро и студено време во Скопје ќе продолжи и преку денот кога е можна и мала облачност.

Метеоролозите најавуваат дека ќе дува умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се искачи до шест степени.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, а во вторник ќе има врнежи од дожд кои особено на север и на повисоките места ќе поминуваат во снег. Ќе има услови за појава на утринска магла.