Утринското сонце оди контра прогнозите за претежно облачно

Утринските сончеви зраци во Скопје идат контра најавата на метеоролозите дека денеска ќе биде претежно облачно време со врнежи од дожд.

Инаку, според најавата во скопско ќе има и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 18 степени.

За утре се очекува кратко стабилизирање на времето, а веќе од вторник попладне и во следните денови се најавуваат нови врнежи од дожд.