Утрово почнаа редиците пред маркети: требаше понавреме да соопштат за полицискиот час

Редици граѓани од рано изутрина може да се видат пред речиси сите скопски маркети. Скопјани чекаат да влезат за да испазарат артикли кои ќе им бидат потребни во наредниве три дена за време на полицискиот час. Граѓаните трпеливо чекаат да дојдат на ред иако за тоа им се потребни и по дваесетина-триесетина минути.

Гужви се повеќе има и на зелените пазари каде граѓаните се снабдуваат со зеленчук и овошје. Сето тоа создава и ризик од пренесување на опасниот корона вирус, но скопјани немаат избор бидејќи продавниците во најголем дел ќе бидат затворени во наредниве три дена.

-Чекам, немам друг избор. Се работи за карантин од цели три дена и мора да се има храна и зеленчук за семејството. Доцна се кажа дека ќе има толкав карантин. Вчера се збореше дека ќе го воведат, но официјално тоа беше соопштено дури навечер. Сега, што друго да правиме освен да чекаме во редици за да се снадбиме со леб, млеко, месо… Кога има гужви има и опасност да се пренесе вирусот, но освен да внимаваме немаме друг избор, ни вели скопјенацот Димитар кого го затекнавме пред маркетот во населбата Аеродром.

Гужви имаше и на скопското Зелено пазарче во центарот на градот. И таму продавачите и купувачите се жалеа дека требаше да има повеќе време да се подготват за тридневниот карантин.

-Излегов од работа само за да испазарам нешто. Ако чекам да ми заврши работното време ќе нема што да купам, ни рече една вработена од приватната фирма во околината на пазарчето.

Граѓаните се жалат и што утре нема да можат да ги посетат гробиштата на роднините на верскиот празник Задушници. Очигледно, граѓаните денот ќе го поминат со многу нервози околу тоа дали ќе постасаат да се подготват за наредниве денови.

-Но, од друга страна, состојбата со ширењето на корона вирусот е значителното и затоа треба да се внимава и да се почитуваат мерките иако се претерани и доцна ни ги кажаа, ни прокоментира еден аеродромец.

Претходна вестПретпладне променливо сончево и потопло, попладне можен дожд
Следна вестМицкоски не знаел дека е забрането да се седи внатре во кафеана