Утрово во Албанија регистрирани два земјотреси

Утрово во 4.19 часот, Секторот за сизмологија на Албанија, измерил земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер.

Епицентарот бил на само 11 километри од Подхум во Црна Гора.

Како што пренесе албанскиот портал Аналитика, земјотресот бил со интензитет од V степени според Меркалиевата скала.

Потресот се случил на длабочина од 16 километри. Според теорискиот модел на макросезимички полиња ваков земјотрес не може да предизвика материјални штети во епицентарот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Хасани не сакаат да се дознае како се градени модуларните бараки
Следна вестКазни за 127 возачи во Скопје, 27 за брзо возење