Темно Режим Светло Режим

Ужас во Кочани, десетици млади загинаа во пожар во дискотека

Десетина починати млади и близу 100 повредени е првичниот неофицијален биланс по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесуваат неколку медиуми повикувајќи се на лекарски и полициски извори.

Како што извести околу 4:30 часот по полноќ локалното „Радио Кочани“, пожарот се случил утрово околу 3:00 часот по полноќ за време на концерт на групата ДНК во градот. Во гаснењето учествувале возила на Територијалната противпожарна заштита, но ниту тие ниту медицинските тимови на терен не биле ниту одблизу доволни за да ги спасат сите настрадани.

Помагале цивили и со цивилни возила.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Нови мерки за 24-годишникот кој причини смртоносен судар синоќа во Скопје

Следниот Пост

АВМУ: Медиумите да бидат особено внимателни во известувањето во врска со трагедијата во дискотека во Кочани