Уживајте во денешиот ден, утре дожд

Времето во текот на денешниот ден ќе биде претежно сончево и топло, со слаб до умерен ветер од северозападен правец, минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната од 24 до 32 целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Претходна вестДо 25 јуни трае конкурсот за најдобра необјавена песна „Празник на липите 2021“
Следна вестМВР почна да ги „лови“ несовесните возачи попладне – за 6 часа 102 казни за пребрзо возење