Узурпирал и бесправно градел на земјиште од 11.000 метри квадратни во Бутел

 

Кривична пријава за бесправно градење и узурпација на државно и приватно земјиште на површина од околу 11.000 метри квадратни земјиште добил скопјанец од СВР Скопје.

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.А.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „бесправно градење” и „узурпацијата на недвижности”.

-Пријавениот, во текот на септември оваа година, узурпирал градежно земјиште во катастарска општина Бутел со површина од 4.746 метри квадратни, сопственост на Македонија, и без да обезбеди Одобрение за градење, во својство на инвеститор, започнал и изведувал противправни градежни активности – градба од втора категорија, за која е потребно Одобрение за градење согласно член 57 став 2 од Законот за градење, се наведува во соопштението.

Ова лице на две соседни катастарски парцели во катастарска општина Бутел, од кои едната 4.746 метри квадратни, а другата 1.672 метри квадратни, која што била приватна сопственост на друго физичко лице, започнало и со изведување на противправни градежни активности.

Претходна вестТројца од терористите во Виена покрај австриско имале и македонско државјанство
Следна вестИ општините треба да одат во стечај