В петок и сабота во Скопје доаѓаат живите статуи

На 17 и 18 септември, петок и сабота со почеток од 18:30 – 21:30ч. во Скопје ќе се одржи Статуафест – Другото лице на улицата.

Ова е петти јубилеен Статуафест кој Teatrosk го поставува на улиците на нашиот главен град попознат е како „Градот убав“. На овогодинешниот фестивал, како и минатата година ќе настапуваат исклучиво домашни артисти.

Темата на овогодинешниот Статуафест – Другото лице на улицата е „Скопје на улица“ односно што се прават скопјани во текот на едно деноноќие движејки се забрзано или пак бавно низ улиците на нашиот град, во преносна смисла Статуафест ќе биде огледало на самите нас, какви сме всушност.

Претходна вестНароден правобранител до МОН: Протоколите имаат пропусти
Следна вестЏафери ќе чека предлог од Заев за да ги стави оставките во здравство на дневен ред