Вакцини пристигнаа, навистина простигнаа – Филипче ги пречека

Конечно во Македонија простигна поголема пратка на вакцини. Имено, изутринава на скопскиот аеродром дојде првата пратка со вакцини „Астра Зенека“ преку Ковакс механизмот. Во прашање се 24.000 дози на вакцини.

По многуте ветени датуми за пристигнување на вакцините во последниве два – три месеци, по многуте киксови на власта со разни „ѓоа“ договори, па вратени капари, па „еден документ фалеше“, па денес ќе дојдат – утре ќе дојдат… еве сега се најавува дека во среда ќе почне имунизација на населението во Македонија.

На аеродромот, вакцините ги пречекаа министерот за здравство Венко Филипче, странски амбасадори, како и претставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН.

Беше кажано дека имало сигнали дека системот за набавка на вакцини ќе продолжи во следните месеци и во април се очекуваат уште 76.000 дози исто така од „Астра Зенека“.

Инаку и денеска многу граѓани на Македонија одат во Србија за да се вакцинираат. Вчера дел од оние кои беа во Белград соопштуваа дека тоа го направиле затоа што не можат повеќе да чекаат власта да се матка околу вакцините.

Претходна вестГо подесивте ли часовникот, почна летното сметање на времето?
Следна вестЗа несовесните возачи мора да има посебен третман по одземањето на возачките дозволи