Вакцините доаѓаат: Ако постојано повторуваме, дали навистина ќе дојдат?

Министерот за здравство Венко Филипе, денеска по кој знае кој пат најави дека вакцините во земјава само што не дошле. Најново е дека в петок се очекува да пристигне голема количина на вакцините „Фајзер“, а оваа недела ќе се користат четири илјади вакцини што ги имаме во моментов и 11 илјади, како што рече, што ќе стигнат денеска. Или околу 15 илјади вакцини ќе бидат аплицирани во текот на оваа недела.

Потсети дека во нашата држава има околу 240 илјади вакцинирани граѓани заклучно со крајот на минатата недела, а околу 180 илјади граѓани чекаат во овој момент за вакцинација.

– Вакцинирано е население од некаде над 20 проценти од тие што треба да се вакцинираат, ако се исклучат децата, над 50 отсто се вакцинирани граѓани кои имаат над 70 години, околу 33 проценти од граѓаните над 60 години. Повторно ќе кажам, првиот момент ако видиме дека има таков ризик повторно ќе воведеме мерки, рече министерот Филипче.

Тој денеска уште рече дека има доволно количини на вакцини, а имаше и минатата недела.

Ако се следат изјавите на миниистерот изминатата недела, тој викендов дури и призна дека вакцини нема, поради што и самиот процес на вакцинација е успорен. За разлика од претходните денови, тој денеска не ги спомена 500.000 дози „Синовак“ кои ги нарачавме, и чија испорака постојано се пролонгира, за во саботата Филипче да рече дека ќе биде доставена во два дела.

Не знаеме на што мисли министерот кога вели дека вакцини им доволно. Веројано на фактот што викендов, според податоците на МВР над 20.000 наши граѓани беа на евакцинација и на прва доза во Србија, каде можат да се вакцинираат и без закажување.

Претходна вестНиту вториот случај на делта сојот не е причина за загриженост кај нас
Следна вестЛани над 32.300 семејства живееле од социјална помош