Вакцините од Србија ќе ги добиеме на два пати по 4.000 дози

Вакцините кои Србија ќе ни ги даде од својот контингент нема да ги добиеме одеднаш, туку на два пати по 4.000. Првиот дел ќе биде донација.

Ова е единствената нова информација од мноштвото кои деновиве се објавуваат, а се однесуваат на најавеното, а потоа откажано пристигнување на 8.000 дози од вакцината „Фајзер“ кои воедно треба да бидат и првите што ќе ги добиеме.

Премиерот Зоран Заев ја откри оваа информација, одговарајќи на прашањето: Кога конечно ќе пристигнат вакцините договорени уште пред еден месец?

– Прво се работи на подготовка на техничката документација од „Фајзер“ кон Србија за реекспорт, или за реплаќање или донација од Србија. Целта е да стигнат прво 4.000 вакцини, па после и другите 4.000 вакцини. Се работи на документацијата. Првиот дел во договорот е дека се  забранува реекспорт, односно репродавање на друга земја, па одлучија да ги донираат овие само за да почне процесот, рече Заев

Примопредавањето на вакцините беше најавено за вчера, но потоа во последен момент беше одложено за наредните денови бидејќи Србија се уште нема добиено одобрение од „Фајзер“ за реекспорт на вакцините за нашата земја.

Претходна вестУште една потенцијална вакцина на пазарот – се испитува германската „Кјур-вак“
Следна вест„Левица“ со 1.229 амандмани го блокира внесувањето на етничката припадност во личната карта