Вакво нешто долго не се памети: Манчестер Јунајтед врза три победи во Премиер лигата

75

Манчестер Јунајтед ја запиша својата трета последователна победа, совладувајќи го Брајтон со 4–2 на „Олд Трафорд“. Со овој триумф, „црвените ѓаволи“ се искачија на четвртото место на табелата и им дадоа нова доза оптимизам на своите навивачи.

По Сандерленд и Ливерпул, на „Театарот на соништата“ падна и Брајтон. Јунајтед доминираше во најголемиот дел од натпреварот и целосно ја контролираше играта.

Во 24-тата минута, Матеус Куња го постигна својот прв гол во дресот на клубот. Десет минути подоцна, Касемиро го зголеми водството со удар кој со малку среќа заврши во мрежата. Во 61-вата минута, Брајан Мбеумо ја потврди надмоќта на Јунајтед со трет гол.

Брајтон сепак не се предаде. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дени Велбек, намали на 3–1 со прекрасен погодок од слободен удар во 74-тата минута. Во судиското продолжение, резервистот Костулас постигна втор гол за гостите и накратко внесе неизвесност, но во 97-мата минута Мбеумо со својот втор погодок го постави конечниот резултат – 4–2 за Манчестер Јунајтед.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест„Егзит“ потврди дека доаѓа во Македонија
Следна вестПретепан доставувач на храна во центарот на Скопје