Валбона Адили Емини од Вреди нова пратеничка во Собранието на местото на Сулејмани

384

Државната изборна комисија ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини. Емини доаѓа на местото на пратенико Салим Сулејмани кој поднесе оставка.

ДИК констатираше дека Емини го прифаќа мандатот, со што и беше издадено писмено уверение, а по оставката на Сулејмани.

Собранието пред почетокот на денешната 52. седница констатираше престанок на мандатот на Сулим Сулејмани, кој поднесе оставка од сите функции во Алијанса за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието.

-Не сакам да бидам дел од сојуз што прави компромиси со луѓе споменати на меѓународни црни листи, рече Сулејмани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
Следна вестМасовна тепачка на нива во струмичко – се тепале 11 лица