Вандали кршеле детски игралишта, општина Аеродром поправа

Вандали уништувале детски игралишта низ Аеродром. Кој се сторителите нема засега сознанија, но добро е што екипи на Општина Аеродром утринава почнаа да ги поправаат оштетените детски игралишта што викендов беа цел на вандали.

Најголема штета е забележана на детското игралиште во населбата Лисиче во непосредна близина на крстот. Оштетени се и новопоставената новогодишна елка во населбата Мичурин, како и други украси на повеќе локации.

-Изминатите месеци вандали уништија реквизити и на други детски игралишта во општина Аеродром, а беа запалени и повеќе контејнери. Сите случаи се пријавени во полиција, информираат од општина Аеродром.

Време е да биде фатен и казнет некој од вандалите. Во спротивно ќе мора се почесто да се прават поправки…