Темен режим Режим на светлина

Вандалите не ги поштедеа ниту прскалките кај домот „Гоце Делчев“

Вандалите повторно оставија одвратна трага по градот. По палењето на контејнерите и канти за ѓубре, кршењето на клупи и канделабри… сега на ред им дошле и прскалките по фонтаните.

Неколку такви прскалки деновиве се искршени во фонтаната кај студентскиот дом „Гоце Делчев“. Од нив сега залудно тече и вода. Сето ова се гледа и од фотографиите кои граѓаните ги доставија и до „Скопско ехо“.

Вандализмот, очигледно не запира и ќе трае се додека не почнат да се казнуваат сторителите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вакцината „АстраЗенека“ и во Македонија ќе се дава на лица под 65 години

Следна објава

Нови 404 случаи на Коронавирус, починаа осум лица