Вардар гази во Европа – падна и Тулуз за освојување на прво место на табелата

20

Ракометарите на Вардар 1961 триумфално ја заокружија групната фаза во Европската лига на ЕХФ, совладувајќи го францускиот Тулуз со високи 37-35 (16-18) во СЦ „Јане Сандански“. Иако „црвено-црните“ веќе имаа обезбедено место во Топ 16, победата беше крунисана со одлични вести од Шведска: победата на Кристијанштад над Сесвете значи дека Вардар ќе пренесе максимални два бода во Главната фаза на натпреварувањето!

Комбинаторика и комплетен пресврт
Натпреварот во Скопје немаше директно резултатско значење, па тренерот на Вардар комбинираше и им даде соодветна минутажа на сите ракометари, вклучувајќи го и голманот Васил Гогов, кој одлично го бранеше целиот меч.

Гостите од Тулуз, кои играа без притисок, го искористија опуштениот старт на Вардар и на полувреме заминаа со минимална предност од 16-18. Французите продолжија во силен ритам и во вториот дел, во еден момент водејќи со „плус 3“ (18-21 и 22-19).

Но, Вардар, предводен од одличните бекови, започна со топење на предноста. Со зацврстување на одбраната и брза транзиција, „црвено-црните“ го направија клучниот пресврт. Кога во 50. минута поведоа со 32-29, отпорот на Тулуз беше целосно скршен. До 55. минута Вардар веќе водеше со 36-31, рутински привршувајќи го мечот за конечни 37-35.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПроданоски: Прилеп се обврзува на современа и безбедна сообраќајна инфраструктура
Следна вестМинистерот одговари на шпекулациите: Останувам во МВР