Вардар го освои Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар по 14-ти пат го освоија Купот на Македонија, откако го победија Пелистер со 26-24 во финалето одиграно попладнево во салата „Автокоманда“.

Вардар беше во предност од почетокот на мечот со што на полувреме водеше 16-10. Пелистер успеа да дојде до еден гол негатива во завршницата, но не и да изедначи.

Иван Чупиќ беше најефикасен кај Вардар со седум гола, додека Јосип Периќ забележа девет погодоци за Пелистер. Борко Ристовски имаше пет одбрани на голот на „црвено-црните“, а голманот и капитен на Пелистер, Градимир Чаневски, сопре 11 удари.

Чупиќ беше прогласен за најкорисен ракометар, Ристовски за најдобар голман, а најдобар стрелец беше Периќ од Пелистер.

Претходна вест20 годишен возач од Свети Николе прегази 62 годишен пешак
Следна вестСончево со умерена облачност, температура до 25 степени