Василичарското диско почнува во 20 часот

Денеска и утре е времето за „Диско треска“ во Македонската опера и балет, со поеток во 20 часот.
Годинава, на традиционалниот Василичарски концерт, под диригентство на Бисера Чадловска, ќе се изведат најголемите диско хитови од 70-ите години во целосно нови симфониски аранжмани.
Хитовите на Глорија Гејнор, Дона Самер, „АББА“, „Би џис“, „Бони Ем“ и на Мајкл Џексон ќе ги изведат популарни пејачи од македонската естрада, во придружба на Оркестарот и Балетот на МОБ. Режисер на концертот е Дејан Прошев.