Вчера имало 34 пожари, денеска активни уште два, загрозен манастирот „Свети Јован Крстител“ кај Небрегово

Вчера имало вкупно 34 пожари во земјава, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според добиените информации во Секторот за операции и координација во ЦУК добиени од институциите во Системот за управување со кризи активни пожари се уште два и тие се во општините Македонски Брод и Долнени.

Во Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, на непристапен терен под Солунска Глава гори ретка борова шума во месноста „Аргулица“.

-Пожарот се уште е активен, при што е опожарена ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и било речиси невозможен пристап за лица коишто би го гаснеле пожарот од земја, а е отежнато било и за воздухоплови. Во текот на вчерашниот ден на терен биле пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод со два пожарникара и двајца вработени од ЈП „Национални Шуми“, подружница „Сандански“ од Македонски Брод, известува Регионалниот ЦУК Охрид.

Вториот активен пожар е во Општина Долнени, кај с.Небрегово, каде што гори мешана шума. Регионалниот ЦУК Битола, информира дека од 12:41 часот, вчера со 11 пожарникари и 2 ПП возила од Територјалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп интервенираат за гаснење на запалената шума во атар на с.Небрегово, над манастирот. Притоа бил загрозен Манастирот „Свети Јован Крстител“ и бил голем ангажманот на пожарникарите е за негова заштита од огнот.

Фото: Архива

Претходна вестКонтролорите на летање го одложија штрајкот, денеска нема прекин на летовите
Следна вестАрсовска бара да се донесе законот за комунална полиција на Градот Скопје