Вчера регистрирани 37 пожари, активни пет

Активни се пет пожари од вкупно 37 што се регистрирани вчера во државава, информира Центрот за управување со кризи (ЦУК). За дел од пожарите што загрозувале села вчера се дејствувало и со  воздухоплови.

Според ЦУК, активни се пожарите во: Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска глава на непристапен терен (каде што гори борова шума); Општина Штип, кај с.Селце на планинскиот дел Серта од Конечка Планина (нискостеблеста шума); Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ (нискостеблеста шума);  Општина Долнени, с.Долнени (ниска вегетација) и во  Општина Куманово, кај с.Лубодраг (ниска вегетација).

За дел од пожарите што загрозувале села вчера се дејствувало и со  воздухоплови на Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи, а некаде покрај противпожарните тимови во одбрана на селата се вклучило и месно население.

Претходна вестВолкановски повторно ќе се бори со Махачев, доби прилика за одмазда
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Малку беше инфлацијата, Владата двојно ја зголеми стапката на ДДВ за производи кои секој ден народот ги купува