Вечер ќе светне и новогодишната елка на плоштадот „Македонија

Над улиците во центарот на Скопје почнаа да светат новогодишните украсни чадорчиња. А вечерва главниот град ќе ја добие осветлената и новогодишна елка. Имено, новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе светне вечерва во 19 часот.

Како што беше најавено, поради пандемијата од корона вирусот, оваа година осветлувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде поскромно одколку минатите години. На осветлувањето, вечерва, ќе учествува и градоначалникот Петре Шилегов.

Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание.

 

 

Претходна вестНе забораваат да натопорат и по некое маженце
Следна вестВиде дождот дека власта не мрдна со прст за спас на Преспанското и Охридското езеро, па…