Вечерва „Гига мега бајка“ во Театар за деца и младинци

Вечерва со почеток во 19 часот детската публика ќе може да ужива во претставата „Гига мега бајка“ во Театарот за деца и младинци.

Ова е нова приказна која ни доаѓа од старите приказни. Четири актери кои не можат да ја почнат претставата „Пинокио“ зашто им фали актерот кој го игра Пинокио почнуваат да смислуваат своја приказна. Во паника, но со многу фантазија ги раскажуваат познатите бајки и една своја и ги спојуваат во брза, смешна, забавна и поучена бајка – Гига мега бајка. Па така, Црвенкапа го пресретнува Волкот и го кара зашто работел со мотика во дворот на баба ѝ. Тој е градинар кој само сака да живее во мирна и тивка градина и сака да помага на Бабата. А Бабата пак знае карате, Џит-Кун-До и Џиу-Џицу и на Волкот му одржува дебела лекција, па тој исплашен сака да избега од својата приказна. Си заминува и ја среќава Поспаната Убавица со која тргнуваат во потрага по златната мотика и големата книга на знаењето…

Во претставата играат: Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски и Симона Спировска.