Вечерва пак ќе се протестира но со сменета маршрута

Граѓанските протести против францускиот предлог под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“ ќе продолжат и вечерва, но со сменета маршрута. До оваа промена доаѓа по синоќешниот инцидент кај ТЦ „Мавровка“ кога беше нападната протестната колона на граѓани.

Организаторите најавија дека денеска протестот ќе започне во 19 часот пред зградата на Владата, па пред Министерството за правда и на крајот пред Собранието.

-Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред Влада, преку Министерство за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедија, и ќе завршиме пред Собранието, информираат од „Ултиматум – НЕ благодарам“.

Организаторите посочуваат дека „нема полициска монтировка која ќе ги исплаши“.

-Нема меѓуетнички тензии, туку има заштита на криминал и предавство на Македонија против кое се бориме. Апелираме да не се наседне на полициските провокации. Ултиматум, не благодарам. Против асимилација и бугаризација. Излезете масовно. Македонија е нашата последна тврдина, се наведува во поканата за протест.

 

Претходна вестАнкета на ИПИС: 72,8 отсто од етнички Македонци не го прифаќаат францускиот предлог
Следна вестСе повеќе заразени од Ковид – 19, вчера инфицирани 335 лица, двајца починати