Вечерва почнува 8-миот по ред фестивал за млади „Џифони Македонија“

Почнува осмиот филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“, вечерва, со проекција на италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“ во Кинотека. Околу 300 ученици од 12 земји, се разбира меѓу кои и Македонија, ќе одржат креативни работилници, а ќе презентираат и едукативни содржини, детски и младински филмови.

Најголем дел од програмата ќе се одвива онлајн, преку платформата „youth.mk“, а фестивалот ќе трае до 30 септември.

Според извршниот директор на „Џифони Македонија“, Дарко Башевски, овој фестивал веќе осум години е место каде што се презентираат актуелните филмови за деца и млади, но и место за дискусија за проблемите на младите, средби со познати личности и место за дружење на младите од целиот град, од целата земја и од десетина до 12 земји од Европа секоја година.

Претходна вестСвилени униформи ли ќе носат основците во Аеродром?
Следна вестПретежно сончево со температура до 28 степени