Вечерва почнува „Киненова“

Во 20 часот вечерва во кино „Милениум“ ќе биде отворен 4-тиот веќе радиционалеен интернационален фестивал посветен на дебитанти „Киненова“ . Ќе се натпреваруваат седум филма кои се први или втори остварувања на режисерите. Специјална гостинка на годинашниот фестивал е српската и ексјугословенска актерка Тања Бошковиќ, на која ќе ѝ биде доделено признание за посебен придонес во светската филмска уметност.
„Киненова“ почнува со бугарскиот филм „Таткото“, победник на фестивалот во Карлови Вари оваа година.