Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата

162

Во СВР Велес вчера во 13:25 часот од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат 63 годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска.

Таа појасни дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПијан возач „дувнал“ 1,53 промили во полицискиот дрегер
Следна вестПо повеќе од 50 години почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“