Велешанец напикал 9 мигранти во „Пежо“, полицијата го привела

Приведен велешанец кој превезувал мигранти. Имено, на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, синоќа околу 22:20 часот од полициски службеници од СВР-Куманово бил лишен од слобода М.З.(31) од Велес, затоа што во патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени девет мигранти од Индија.

Од МВР информираат дека тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Претходна вестСиндикалците ја пресметаа минималната кошница, а кој е есапот на Владата?
Следна вестВо пелени сокриле многу златен накит, ја минале македонската граница, но…