ВЕЛН го осуди инцидентот во Куманово: Надлежните институции целосно да го расветлат случајот

13

Изразуваме длабоко жалење за настанот што се случи во Куманово, при што е повреден д-р Зекрија Шаини, стои во соопштениетоп на Коалицијата ВРЕДИ кое МИА го објавува интегрално.

Како коалиција, најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот.

Насилството нема место во нашето општество, а ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните.

Апелираме до истражните органи што побрзо да ги откријат мотивите и сторителите на овој чин, и повикуваме ваквите случаи да не се злоупотребуваат за политички цели.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестДУИ го осуди инцидентот во Куманово: МВР и Обвинителството да ги идентификуваат и изведат пред лицето на правдата сторителите
Следна вестПроцесот на усогласување на пакетот од 12 закони ќе продолжи, а секоја заинтересирана страна ќе може да даде свој придонес, кажаа од МЗ