Велосипедист починал откако на автопатот Тетово-Скопје удрил во запрено товарно возило

Велосипедист на 55 години од Скопје го загубил животот во на автотпатот Тетово-Скопје денеска околу 13 часот и 20 минути, информира тетовската полиција. Несреќата се случила на делот од автопатот во непосредна близина на Добарски надвозник.

-Велосипед управуван од Н.Р.(55) од Скопје удрил во запрено, поради дефект, товарно моторно возило „фолксваген кратер“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а смрт констатирала екипа од тетовската Брза помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено за обдукција.

Претходна вестКовачевски повика фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите, од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека директорот на ЕСМ е „ризичен“
Следна вестРегистрирани 81 случаи на Ковид-19, нема починати