Венко Крстевски соопшти што реализирал за првите 100 дена од неговиот мандат

66

В.Д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски и сподели на јавноста за она што успеал да го реализира во првите 100 дена од неговиот мандат.

-100 дена работа, резултати и визија за Кочани! Драги сограѓани,

Во првите 100 дена од мојот мандат како в.д. градоначалник покажавме дека Кочани може и мора напред!

Обезбедивме над 487 милиони денари за проекти некои веќе завршени, некои во тек од витално значење за нашиот град.

Инвестираме во инфраструктура, безбедност, социјална поддршка и развој.

Со упорност и работа го поставуваме Кочани на патот на обновата и напредокот.

Ова е само почеток! Прочитајте го целиот извештај и видете како општина што направивме за Кочани во овие 100 дена. Отворени сме за нови идеи и коментари, напиша Крстевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЛишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол
Следна вестСДСМ сè уште без кандидат за Пробиштип