Вест која надлежните брзо ја забораваат

Повторно е нападнат малолетник со нож во Скопје. Овој пат, нападот е извршен врз четиринаесетгодишно момче во Рекреативниот центар Сарај. Настанот се случил завчера околу 10.30 часот.

Како што соопшти МВР, момчето имало повреда на едната рака од остар предмет, а случајот во полицијата го пријавил неговиот татко.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

Ваквите настани премногу зачестија во Скопје. Пред еден месец, за жал, дури беше и убиен малолетник со нож во Н. Лисиче. Институциите реагираат млако, неразинтересирано, како да се навикнуваат на ваквите вести. Родителите и училиштата мора посериозно да гледаат на ваквите појави каде ножот е во главна улога.