Вето за Бугарија и Романија, Хрватска влегува во Шенген зоната

Хрватска влезе во Шенген зоната. Имено, чешкото претседателство и Европската комисија го изразија своето задоволство и и’ честитаа на Хрватска за големиот успех по изгласувањето на одлуката за влез во Шенген зоната. Но беше искажано и нивното разочарување од немањето консензус за Бугарија и Романија.

-Честитки за Хрватска за овој голем успех, рече чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан.

Во исто време беше изразено разочарување поради немањето консензус за влез на Бугарија и Романија. Австрија беше против двете земји, а Холандија ја поддржуваше Романија, но не и Бугарија.

Било искажано надеж дека двете земји ќе влезат во Шенген зоната до крајот на мандатот на оваа Комисија, што значи до есента 2024 година.

Според дипломатски извори, Германија и Луксембург се обиделе да извршат притисок врз Австрија и Холандија велејќи дека сите три земји треба да бидат ослободени или ниту една, но на крајот се откажале, пишува „Индекс“.

Претходна вестКривична пријава против косовска државјанка за фалсификување лична карта
Следна вестПроменливо облачно со температура до 14 степени